Црвена Звезда пред потпис со четврти Нигериец

Кошаркарскиот клуб Црвена Звезда е еден од најактивните на трансфер маркетот ова лето. Белграѓани веќе промовираа четири нови кошаркари од кои три странци Чима Монеке, Семи Оџелеје и Ебуку Узунду.

На тројцата Нигерици на добар пат е да им се приклучи уште еден откако денеска официјално слободен играч стана Џоран Нвора, 26-годишниот крилен играч кој помина една сезона во Ефес. Турскиот клуб одби да ја искористи можноста за да го продолжи неговиот договор на дополнителна сезона па тој е слободен да ја бира новата средина.

Според српските медиуми Нвора кој бележеше просек од 7.6 поени и 3.3 скокови по натпревар како дебитант во Евролигата веќе има усмен договор со „црвено-белите“ и наскоро се очекува негов потпис.

Нвора пред Ефес настапуваше и за Милвоки, Индијана и Торонто.

Се вчитува...