Црвена Звезда со ново соопштение: Паднаа маските, нема да играме финале… ова можеби е крај на АБА

Сезоната во АБА-лигата би можела да заврши скандалозно откако Црвена Звезда уште еднаш го повтори својот став – дека бранителот на трофејот нема намера да излезе на мегдан и да ја почне финалната серија во регионалното натпреварување додека не ги заврши обврските во српскиот плејоф.

Вториот полуфиналист ќе биде познат на 6 јуни, по завршувањето на мајсторката меѓу Партизан и Цедевита Олимпија, а АБА попладнево излезе со соопштение дека финалната серија ќе стартува на 12 јуни, вториот меч е закажан за два дена подоцна, а сезоната би можела да трае најдоцна до 22 јуни, доколку мора да се игра мајсторка во финалето.

Очекувано, само неколку часа подоцна следеше ново соопштение на белградските „црвено-бели“ кои јасно ставија до знаење дека немаат намера да излезат на терен.

„Искрено ни е задолство што маските конечно паднаа, сега и за сите времиња, да се види кој што прави и за кого. Штом АБА ги објави термините за финалето, веднаш стана јасно дека термините ќе се поклопуваат со натпреварите од Супер-лигата на Србија за титула, што директно влијае на можноста Црвена Звезда да ги играа паралелно тие две финални серии. Потсетуваме дека Црвена Звезда кога играше четвртфинале во Евролигата, паралелно со тоа ги играше и средбите од плејофот во АБА во 2016 година. Реал Мадрид на два дена пауза играше натпревари во Каунас, но потоа и во Шпанија со Бетис, потоа и со Гран Канарија. Како е можно во НБА, каде градовите се одделечени и по илјада километри, да се играат средби на секои два дена, но тоа да не може да се случува во овој регион. Директорот на АБА-лигата го покажа вистинското лице, не се ни удостои да ја контактира Црвена Звезда и да се консултира за термините за финалето, очигледно и не му е грижа што нашиот клуб мора да чека бесмислено дури 23 дена до почетокот на финалето. Затоа уште еднаш го пвоторуваме нашиот став – Црвена Звезда нема да го игра финалето на АБА-лигата додека не го засврши финалето на првенството на Србија. Доколку АБА-лигата не отстапи од ова свое скандалозно „решение“, ние своите права ќе ги бараме по судски пат. Одговорноста моментно е исклучиво врз челниците на АБА-лигата, ова многу лесно може да биде крај на АБА како регионално натпреварување“, се вели во соопштението на Црвена Звезда.

Се вчитува...