Црвена Звезда уште еднаш го декласира Будуќност во финалната серија на АБА

Црвена Звезда вторпат го декласира (107-69) тимот на Будуќност во финалната пресметка од АБА-лигата и поведе со 2-0 во серијата до три победи. „Црвено-белите“ беа фуриозни уште од самиот старт, решени да возвратат за поразот во минатогодишното финале од црногорскиот претставник. Победникот обезбедува и пласман во Евролигата за следната сезона.

Црвена Звезда го доби воведниот период со 26-19, а на полувреме веќе имаше двоцифрена предност (54-38). До крајот разликата само се зголемуваше.

Најефикасен во победничкиот тим беше Стратос Перпероглу со 17 поени, а Келвин Риверс уфрли 16. Баровиќ и Бел постигнаа по 10 кошеви за составот на Будуќност.

Третиот меч од финалната серија ќе се одигра в среда во Подгорица.

Се вчитува...