„Црвениот“ дел на Манчестер слави – Ед Вудворд го напушти Јунајтед!

Навивачите на Манчестер Јунајтед може да почнат да слават откако по се поочигледното пропаѓање на Суперлигата, еден од нејзините главни заговорници Ед Вудворд одлучи да поднесе оставка од местото директор во тимот од „Олд Трафорд“.

Годините наназад Вудворд од страна на навивачите беше обвинуван како еден од главните виновници за тоа што по ерата на Сер Алекс Фергусон титулата не може да се врати во црвениот дел од Јунајтед, поради тоа што финансиите секогаш му беа во прв план пред успесите на клубот.

Последните случувања со формирањето на Суперлигата во која беше од главните заговорници, ја прели чашата и едноставно „миленикот“ на фамилијата Глејзер мораше да ја напушти позицијата во тимот.

 

 

Се вчитува...