Манчестер јунајтед славеше убедливо со 4-1 против Челси во претпоследното коло од Премиерлигата.
„Црвените ѓаволи“ целосно го демолираа тимот од „Стемфорд бриџ“, победата најавувајќи ја со голот на Кашемиро уште во 6. минута.
Марсиал во 45. минута зголеми на 2-0, а во второто полувреме погодија и Фернандеш во 73. минута и Рашфорд во 78. минута за 4-0. За Челси погоди Жоао Феликс во 89. минута за конечни 4-1.
Манчестер јунајтед сега е на третата позиција на табелата со 72 бода, два повеќе од четвртопласираниот Њукасл.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА