ЦСКА Москва го продолжи договорот со МВП од Ф4 во Евролигата

Актуелниот европски шампион, ЦСКА Москва го продолжи договорот со својот најдобар кошаркар Вил Клејбурн. Американецот ја продоложи соработката со московскиот клуб до завршувањето на сезоната 2021/2022.

Во редовите на европскиот првак, Клајбурн пристигна пред две години од турска Дарушафака, а на 35. натпревари сезонава во Евролигата просечно бележеше по 13,6 поени и 6,8 скока, а беше избран и за МВП на Ф4 турнирот во елитното европско натпреварување.

Во кариерата Клајбурн во Европа настапвуаше и за екипите на Улм и Хапоел Холон.

Се вчитува...