ЦСКА Москва ја доби драмата во Истанбул, Фенер лесно против Будуќност

ЦСКА Москва по голема драма славеше со 78-80 на гостувањето против Анадолу Ефес во 27. коло од Евролигата.

Вистинска драма се случуваше во последната четвртина во која Ефес стигна ндо 76-76 на една минута пред крајот, и покрај негативата во текот на мечот и од седум поени. Но, потоа Хигинс ги доведе гостите од Москва до ново водство, за да на четири секунди пред крајот Крунослав Симон од линијата за слободни фрлања ги врати нештата од почеток. Сепак, Хигинс со феноменален поен на една секунда пред крајот носи триумф за ЦСКА Москва.

Во победничкиот состав најефикасен беше Кори Хигинс со 19 поени, а кај домашните се издвои Брајант Данстон исто така со 19 поени.

Фенербахче на свој паркет славеше против Будуќност со 76-67. Кај домашните предводеа Никола Калиниќ со 14 поени и Јан Весели со 13 поени, а кај гостите од Подгорица се издвои Ерл Кларк со 20 поени.

Се вчитува...