ЦСКА Москва ја збриша Басконија

ЦСКА Москва во голем стил ја стартуваше четвртфиналната серија од Евролигата против Басконија, декласирајќи го шпанскиот прволигаш со убедливи 94-68. Кошаркарите на Басконија едно полувреме умешно парираа, но потоа фуриозната трета четвртина на избраниците на Итудис се покажа клучна за ЦСКА да дојде до стартна победа во ова четврт-финале.

На одмор се замина со резултат 44-40, а клучна бешесредината на третата четвртина, кога по водството на ЦСКА од 52-47 следеше дополнителна серија од 14-2, со што практично беше решен и победникот на мечот. Удобната предност му овозможи на тренерот Итудис да одмори и дел од играчите за вториот натпревар, што е закажан за четврток, исто така во Москва.

Серхио Родригез со 19 поени ја предводеше ЦСКА во оваа победа, Хигинс постигна 12 поени, додека прв стрелец на Басконија беше Шилдс со 17 поени.

Се вчитува...