ЦСКА носи супер-замена за Кајл Хајнс

ЦСКА Москва ја финишира потрагата по нов крилен центар што ќе го наследи Кајл Хајнс во тимот, а изборот на рускиот гигант паднал врз Торнике Шенгелиа.

Преговорите за ангажман на грузискиот репрезентативец се во завршна фаза, тој има клаузула за заминување од Басконија во висина од 1,5 милиони евра што рускиот клуб сака да ја искористи за да го доведе во Москва. Шпанците немаат намера да ја намалат цената што ја бараат за Шенгелиа, но парите не се проблем за ЦСКА, се со цел експресно да биде доведено врвно засилување по преселбата на Хајнс во Милано.

Рускиот гигант веќе донесе едно извонредно засилување во рекетот, ангажирајќи го Никола Милутинов од Олимпијакос, а беше завршена голема работа и со потписот на нов договор со Американецот Мајк Џејмс, кој беше најдобар стрелец на ЦСКА минатата сезона.

Се вчитува...