ЦСКА со феноменален пресврт ја оддалечи Басконија од четвртфиналето во Евролигата

Кошаркарите на ЦСКА со феноменален пресврт против Басконија стигнаа до 24-та победа во последното, 30. коло од Евролигата. На дуелот во Москва, Русите славеа со 82-78 благодарение само на одлично одиграната последна четвртина која ја добија со 27-12.

Претходно Басконија беше постојано во водство со оглед на неопходноста од победата за пласман во четвртфиналето од Евролигата. Но, по овој пораз Басконија, во очекување и на натпреварите на конкурентите за осмата позиција, е се чини далеку од пласман во разигрувањето за трофејот во Евролигата.

А, надвор од место во четвртфиналето остана и Милано кој загуби од Анадолу Ефес со 101-95.

Се вчитува...