Поранешниот репрезентативец и фудбалер на Шкендија, Ардијан Цуцули се враќа во тетовските „црвено-црни“, овој пат во раководните структури, соопшти клубот од Тетово.
Тој во иднина ќе ја врши функцијата шеф на спортскиот оддел, соопшти клубот.
Цуцули речиси цела деценија беше дел од Шкендија во четири различни периоди. Беше и капитен на тимот, и еден од играчите со најмногу настапи. Освои пет трофеи со „црвено-црните“.
„Амбициите на Шкендија остануваат да го подигне клубот на повисоки нивоа и се очекува Ардијан Цуцули да даде свој придонес во оваа насока“, стои во соопштението на Шкендија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА