Цвијиќ спаси бод за Србија против Германките

Домаќинот Германија и селекцијата на Србија одиграа без победник, 22-22 во дерби натпреварот од третиот натпреварувачки ден од СП во ракомет за жени. Во главна улога беше „вардарката“ Драгана Цвијиќ, која го постигна голот за реми на три секунди до крајот, замолкнувајќи ги домашните фанови во арената во Лајпциг.

Германките тргнаа фуриозно и набрзина поведоа со 6-1, но следеше одговор на Србија и голем пресврт, па нашиот северен сосед замина на одмор со предност од 9-11. Второто полувреме мина во израмнета игра, а Србинките пропуштија шанса да го решат мечот кога при водство  од 20-19 имаа две ракометарки повеќе на терен, но не успеаја да реализираат. Германија го искористи тоа и направи пресврт, пред Цвијиќ да го постигне голот за конечно реми.

Се вчитува...