Тухел: Англија не може да е фаворит кога толку долго е без трофеј

Томас Тухел беше доведен за нов селектор на Англија со цел „гордиот албион“ да го нападне трофејот на претстојниот мундијал. Токму затоа, јавноста на „островот“ е разочарана по последната изјава на германскиот стратег, кој воопшто не ја вклучува својата селекција меѓу фаворитите за титулата.

„Не можеме да бидеме фаворити, како може Англија да е фаворит кога толку долго нема освоено ниту еден трофеј. Постојат докажани победници на овој мундијал… тие се фаворитите, ние само можеме да се натпреваруваме, да сонуваме големи соништа и да се натпреваруваме со надеж дека би можеле да стигнеме до самиот крај. Секако дека сакам да го освојам трофејот, но не ми се допаѓа кога претставуваат дека сме фаворити“, вели Тухел.

Тој не крие дека примарна цел му е да се стигне до Топ 8 на овој светски шампионат.

„Очекувањата се големи, но ќе биде многу тешко. Ако бидеме први во групата, треба да одиме во Мексико Сити и да играме на голема надморска височина. Потоа ќе играме со ривали како Аргентина, Франција, Шпанија… Во вакви услови, на овие терени и жештини, би рекол дека мои фаворити се Аргентина и Бразил. Наша прва цел е да влеземе во четвртфиналето, а потоа да се обидеме да направиме уште некој чекор напред и да се бориме за трофејот“, истакнува англискиот селектор.

Се вчитува...