Тухел бесен на судијата: Најдобро е Тејлор никогаш повеќе да не му суди на Челси

Томас Тухел беше бесен на арбитражата на Ентони Тејлор на денешното лондонско дерби меѓу Челси и Тотенхем, на кое „сините“ имаа замерки за судиските одлуки и при двата гола на гостите. На првиот гол му претходеше очигледен прекршок над Хаверц, а на вториот при корнер на Перишиќ имаше грубо влечење на косата на Кукурела од страна на Ромеро, што ниту Тејлор ниту ВАР-судиите не го санкционираа.

Челси и во минатото имаше замерки за одлуките на Тејлор на натпреварите на овој тим, но Тухел вечерва гласно побара овој судија повеќе да не му биде делегиран на неговиот тим.

„Колку само погрешни одлуки. Кога Рис Џејмс направи фаул доби жолт картон за „тактички прекршок“. А колку „тактички фаули“ направи Хојбјерг и не доби ниту опомена. Што е со фаулот над Хаверц, што е со влечењето за коса на Кукурела. Сега јас сум казнет и нема да можам да го водам тимот, но што е со судијата, зарем тој не треба да биде казнет, зарем ќе го стават да суди некоја следна средба. Ова не е само мислење на навивачите, тоа го мислат сите во соблекувалната, Ентони Тејлор има проблем со Челси и ако јас се прашувам, тој никогаш повеќе не треба да ни суди натпревар“, критичен беше Тухел.

Се вчитува...