Тухел: Челси прими гол од Јунајтед поради рефлекторите!?

Фудбалерите на Челси вчера ремизираа со Манчестер Јунајтед на домашен терен (1-1) во дербито на колото во Премиер лигата. „Сините“ на почетокотот од вториот дел потфрлија, а Жоржињо беше централна фигура на натпреварот. По неговата лоша проценка, Санчо постигна гол за Јунајтед, а тренерот на лондонскиот тим истакна дека виновни за грешката се рефлекторите.

После тоа, италијанскиот репрезентативец се искупи и погоди од белата точка, со што го избегна поразот од „црвените ѓаволи“.

„Жоргињо погрешно ја процени ситуацијата, мислам дека тоа е поради преголемата светлина. Тоа се случува“, изјави Тухел по натпреварот.

Инаку, фудбалерите на Челси по овој меч ја задржаа и понатаму лидерската позиција на табелата со 30 поени, но сега имаат само еден бод повеќе од Манчестер сити и два од Ливерпул.

Се вчитува...