Тухел: Чудо е што сме трети без нашиот „Ван Дајк“, Нголо Канте

Челси одигра реми против Лестер 1-1 во натпревар од претпоследното 37. коло во англиската Премиер-лига. Со ова реми се уште актуелниот европски шампион, го осигура третото место сезонава во Премиер-лигата.

Во тимот по долга пауза поради повреда се врати Нголо Канте. Менаџерот на „сините“ Томас Тухел вели дека е вистинско чудо што успеале да завршат трето место без Канте во тимот.

„Невројатно е и навистина е големо чудо што успеавме да го освоиме третото место без услугите на нашиот „Ван Дајк“, Нголо Канте“, изјави Тухел по мечот со Лестер. 

Се вчитува...