Тухел доби еден меч суспензија, Конте се спаси но доби парична казна

Томас Тухел и Антонио Конте ги добија своите казни од Премиерлигата откако признаа вина и кршење на правилата на однесување за време на дербито меѓу Челси и Тотенхем.

По крајно некоректна реакција на крајот од дуелот, двајцата тренери добија црвени картони а сега добија различни казни.

Томас Тухел, кој беше иницијатор за инцидентот, доби еден меч суспензија и парична казна од 35.000 фунти, додека Антонио Конте е казнет со 15.000 фунти, но без суспензија.

Суспензијата на Тухел може да биде одработена и подоцна, бидејки нема добиено писмено образложение за казната, а двајцата менаџери ќе имаат право на жалба за изречената казна.

Се вчитува...