Тухел го убедува Ридигер за нов договор

Тренерот на Челси, Томас Тухел е последната шанса да го убеди германскиот стопер Антонио Ридигер да потпише нов договор со екипата. Тој веќе два пати го одби Челси за нова соработка, но сега Тухел е најсилниот адут за нов договор. Ридигер ќе биде слободен агент по завршувањето на сезоната, а Реал Мадрид и Баерн Минхен веќе пројавиле интерес за на лето да го ангажираат како слободен агент.

Германскиот репрезентативец од 1. јануари ќе може да преговара со било кој тим за соработка, но Тухел е уверен дека сонародникот и натаму ќе остане дел од Челси.

„Во моментов тој е 100% посветен на Челси. Сигурен сум дека ја чувствува довербата и почитта кон навивачите. Тој е голем играч и се наоѓа на вистинско место. Му одговоара Премиер-лигата и уверен сум дека ќе остане. Затоа треба да бидеме тврпеливи и да очекуваме добри вести“, рече Тухел.

Најголем проблем што нема договор е платата. Засега двете страни се далеку со размислувањата, а Реал и Баерн нудат повеќе.

Се вчитува...