Тухел: Лукаку и Канте ќе бидат подготвени за Арсенал

Актуелниот шампион на Европа со победа од 3-0 над Кристал Палас го започна походот кон титулата во Премиерлигата. „Сините“ на Томас Тухел одиграа нов одличен натпревар во која беа доминатни на теренот, ја контролираа играта и во ниеден момент не ја доведоа победата во прашање.

Челси на овој меч настапи без Нголо Канте кој се пожалил на повреда на зглобот уште пред мечот од Суперкупот против Севилја, а на теренот не беше присутно ниту новото засилување од 115 милиони евра, Ромелу Лукаку. Сепак германскиот стратег има добри вести за навивачите на Чесли пред градското дерби со Арсенал.

„Нголо осети повреда на зглобот уште на загревањето од Суперкупот против Вилјареал, но одлучи да го одигра тој натпревар, а болката стивна на самиот меч. Но, во петокот повторно ја осети истата болка и одлучивме да го тргнеме од составот и да не ризикуваме толку рано во сезоната. Рехабилитацијата оди според планот и тој повторно ќе се приклучи на тимот оваа недела и очекувањата се дека ќе биде подготвен за мечот против Арсенал“, изјави Тухел кој потоа се осврна и на Лукаку.

„Ромелу ќе заврши со карантинот и ќе се приклучи на тимот во вторник, бидејќи понеделник е нашиот ден за одмор. Ќе се обидеме да го подготвиме за мечот против Арсенал и се надевам дека ќе биде на теренот“.

Се вчитува...