Тухел: На Лукаку му треба еден момент, една искра, не го обвинувам за ништо

Тренерот на Челси, Томас Тухел збореше за ситуацијата со напаѓачот Ромело Лукаку. Белгиецот на почетокот на оваа сезона се врати во Лондон како големо засилување за европскиот првак, но засега не ги покажува своите квалитети.

Лукаку во последно време е на мета на критики поради слабата форма, но и поради желбата да се врати во Интер каде што „експлодираше“. Тренерот Томас Тухел застана зад него и му даде поддршка.

„Во нормални околности, ќе се најдеше во тимот против Кристал Палас. Но, Лукаку долго време беше отсутен поради повреда, и не влезе во целосна форма. Не го обвинувам за ништо. Мислам дека му треба еден момент на инспирација, една искра. Сега е решавачки дел од сезоната, во кој играчите треба да одржуваат ритам, и да бидат во форма ако сакаат да играат“, изјави Тухел.

Лукаку за 100 милиони евра се пресели од Интер во Челси. Меѓутоа ни одблиску не е во формата во која беше во Интер. Претходно беше дел од Евертон, Манчестер Јунајтед, ВБА, а во Белгија играше за Андерлехт.

Се вчитува...