Тухел: Напад со Лукаку и Халанд? Постојано говориме за тоа…

Јасно е дека норвешкото „чудо од дете“, Ерлинг Халанд во следниот период ќе ја промени средината, но останува неизвесно каде ќе продолжи голгетерот. За неговиот потпис се борат европските великани, а еден од нив е и Челси.

„Сините“ од Лондон ова лето на „Стемфорд Бриџ“ го вратија Ромелу Лукаку, но на прес-конференцијата за медиуми пред натпреварот со Норвич, тренерот Томас Тухел изјави дека и покрај тоа младиот играч е топ тема на разговор во клубот и не ја искучи можноста на формирање на дуо заедно со Белгиецот.

„Редовно разговараме за трансфер на Халанд. Да ги споиме во нападот Лукаку и Халанд? Немам проблем да разговарам за тоа. Ќе видиме што ќе се случи“, изјави германецот.

Се вчитува...