Тухел не може да верува: Зошто Германија игра со САД и Мексико пред ЕП?

Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел не е задоволен од фактот што играчите на Германија ќе патуваат во САД за време на репрезентавната пауза. Петмина играчи од таборот на „Баварците“ се повикани во германскиот национален тим за пријателските натпревари против САД и против Мексико, и тоа: Кимих, Горецка, Милер, Мусиала и Сане.

Германија не учествува во квалификациите за ЕП, затоа што е организатор идната година, па така ќе играат против САД (12 октомври) и против Мексико (18 октомври).

„Не сум убеден дека има некоја логија Германија да игра со САД и Мексико пред Европското првенство. Згора на тоа во последно време се собраа многу гостувања. Играчите од оваа турнеја ќе се вратат дури во четврток, а веќе во петок треба да патуваме за Мајнц. Потоа во понеделник треба да патуваме за Истанбул. Навистина не знам кој ќе биде лимитот на издржливоста“, рече Тухел.

Се вчитува...