Тухел: Не планирам однапред да го отпишам Јунајтед, ранетиот лав е најопасен

Овој викенд во Премиер-лигата, следува ново големо дерби, Челси на домашен терен го пречекува „ранетиот“ Манчестер Јунајтед.

„Сините“ ги пречекуваат „црвените ѓаволи“ во 13. коло од англиската лига, а на пресконференцијата, првото прашање до Тухел, беше поврзано со новиот тренер во најава, Ралф Рангник.

„Тој ми помогна многу, ми беше тренер, беше еден од оние кои ме убедија да станам тренер, имаше влијание на мене. Пред да кажам нешто повеќе, мора да бидеме свесни дека се уште не е именуван. Ние никогаш не сакаме никого да отпишеме, па ни Јунајтед – ранетиот лав е најопасен. Тие се голем клуб пред се, имаат група искусни играчи. Не смееме да дозволиме да дојдат до својата игра, затоа што доколку покажат став и потенцијал, ќе биде опасно. Подготвени сме за овој предизвик и сакаме да одиграме на највисоко ниво“, порача Тухел.

Ова дерби е закажано за утре од 17.30 часот, Јунајтед како осмопласиран, гостува во Лондон.

Се вчитува...