Тухел: Не заслуживме пораз, да играме уште пет пати – пет пати ќе го победиме Бохум

Баерн Минхен е се подалеку од одбрана на титулата во Бундеслигата откако актуелниот шампион загуби на гостувањето кај Бохум со 3-2 во 22. коло со што во моментот заостанува осум бода зад лидерот на табелата Баер Леверкузен.

По натпреварот тренерот Томас Тухел изјави дека ова е еден од тие натпревари во кој се било против неговиот клуб и доколку се преигра уште пет пати во сите пет средби ќе слави неговиот тим.

„Ваквите порази не се фер. Многу работи денеска беа против нас. Овој пораз не беше ист како во претходните два натпревари. Се што можеше да помине на лошо помина денеска. Имавме четири, пет, шест врвни шанси. Доминиравме потполно и се најдовме во заостаток од нигде никаде. Ако го играме овој натпревар уште пет пати, пет пати ќе победиме.

Дали ќе бидеме шампиони? Во овој момент не е реално, но претходната сезона не научи дека треба да веруваме до последната секунда“, изјави Тухел.

Се вчитува...