Тухел по дебаклот во Супер-Купот: Како ништо да не сме работеле четири недели

Баерн Минхен ја стартуваше новата сезона во Германија со убедлив пораз на „Алијанц Арена“ од Лајпциг во битката за трофејот во Супер-Купот. Дани Олмо беше херој на тимот на Лајпциг, расипувајќи го почетокот на сезоната на „Баварците“, но и дебито на Хари Кејн во дресот на најтрофејниот германски тим.

Ниту Кејн не помогна Баерн да се спаси од дебакл. Влезе во средината на вторито дел, но не можеше да стори нешто повеќе.

Тренерот на Баерн, Томас Тухел даде загрижувачка изјава после натпреварот. Очигледно нема контрола во соблекувалната, а може да се очекува наскоро да има разделба.

„Во овој момент немам објаснување. Примаме лесно голови. Како ништо да не сме правеле изминатите четири недели. Она што го покажавме против Лајпциг нема никаква врска со тоа како трениравме, формата, атмосфеата. Тоа е алармантно, едноставно алармантно. Шокиран сум и многу разочаран. Ова не можам да го објаснам“, рече Тухел.

Се вчитува...