Тухел почна преговори со Челси за нов договор

Германскиот тренер Томас Тухел почна преговори со раководството на Челси за проодолжување на соработката и потпишување на нов договор. Лигата на шампионите во првата сезона, третото место во втората сезона и проект за иднината почива на плеќите на Томаш Тухел, кој е подготвен да го продолжи животот во Лондон.

Како што и самиот изјави неодамна, среќен е во клубот. Тој го сака Челси и се околу него и не би имал ништо против да остане. Затоа, неговиот агент и Челси работат на изнаоѓање на најдоброто решение, односно потпишување на нов договор.

Актуелниот договор е со важност до 2024 година и има време за разговори, но „сините“ сакаат што побрзо да ја обезбедат тренерската позиција.

Се вчитува...