Тухел после победата од 7:0: Жал ми е за Норич, нашиот тим не сакаше да застане

Тренерот на Челзи Томас Тухел, ја коментираше победата на неговиот тим над Норич од 7:0. Тој кажа дека на крајот му паднало жал за неговиот колега од Норич, но дека тимот не сакал да застане со постигнување на голови.

„Игравме добро. Тимот делуваше одлично и вложи многу труд. Игравме со висок ритам и направивме многу шанси. За да се постигнат седум гола, навистина се потребни многу шанси. Жалам за Норич и нивниот тренер. Но, тимот не сакаше да застане. На паузата рекоа дека ќе продолжиме да даваме голови. Денеска Даниел Фарке се чувствува ужасно. Се надевам дека ќе го врати тимот на вистинскиот пат“, рече Тухел.

Челзи го совлада Норич со 7:0 благодарение на „хет-трикот“ на Маунт, еден гол беше автогол, а по еден дадоа Чилвел, Хадсон-Одои и Рис Џејмс.

Се вчитува...