Тухел потроши 200 милиони евра, па заклучи: Одбраната ни е очајна

Челси го загуби вториот натпревар оваа сезона во петте во Премиерлигата, а Томас Тухел искажа незадоволство од одбраната. И покрај тоа што Тухел потроши 200 милиони евра на одбранбени играчи (вклучувајќи го и трансферот на Фофана), лондонскиот тим прими осум гола, а тоа го вознемирува Тухел.

Челси ова лето ги донесе Кулибали, Кукурелја, а сега ќе дојде и Фофана, а остана без Кристенсен и Ридигер.

„Очигледно не сме доволно цврсти да победиме во овие нтпревари. Слично како против Лидс. Противниците прелесно не збунуваат и ни ја уништуваат рамнотежата на теренот. Пребрзо ја губиме концентрацијата и констансноста. Со Саутемптон одбраната беше премногу мека. Таквите ситуации се сопираат со ментална цврстина, мораме да знаеме дека на ваков начин не се победува во Премиерлигата“, рече Тухел.

Се вчитува...