Тухел потврди: Челси сериозно ослабен против Лестер

Премиер-лигата ќе продолжи по репрезентативната пауза со дерби-дуелот меѓу Лестер и Челси, на кој гостите од Лондон ќе бидат сериозно ослабени.

Менаџерот Томас Тухел на денешната прес-конференција потврди дека Ромелу Лукаку и Матео Ковачиќ не успеале да ја добијат трката со времето за настап против „лисиците“. Покрај нив, во стартниот тим ќе го нема ниту Тимо Вернер, што значи дека Челси повторно ќе стартува со Каи Хаверц како „лажна деветка“.

„Лукаку е блиску до враќање, од недела треба да почне да тренира со остатокот од тимот, но сигурно нема да игра со Лестер. Слична е ситуацијата и со Ковачиќ, кој нема да патува со тимот. Тимо Вернер тренираше неколку дена со нас, но сигурно нема да почне од првата минута в сабота“, изјави Тухел.

Челси моментно е на врвот на табелата во Премиер-лигата со 26 бода, три повеќе од Манчестер Сити и Вест Хем. Лестер сезонава ја почна со слаби резултати и моментно се наоѓа на 11. позиција на табелата со вкупно 15 освоени бода.

Се вчитува...