Тухел потврди: Разочарувачки е, но Рудигер заминува…

Челси стигна до важни три бода во градското дерби против Вест Хем откако во 90. минута благодарение на голот на Кристијан Пулишиќ славеше со 1-0. Со новите три бода „сините“ се наоѓаат на добар пат да изборат место во Лигата на Шампионите и следната сезона, но како ќе изгледа тимот во елитното натпреварување ќе биде интересно да видиме.

Поради санкциите против Роман Абрамовиќ, Челси има „заврзани“ раце во преговорите со нови фудбалери, а и на овие кои им истекува договорот не може да им понуди „богатство“ за продолжување на соработката. Еден од нив е и Антонио Рудигер, еден од најдобрите стопери во последните две сезони за кого тренерот Томас Тухел потврди дека заминува на крајот на сезоната.

„Ситуацијата е таква што тој сака да замине од клубот, разговаравме и тоа ми го соопшти. Клубот и јас дадовме се од себе, но не можеме да се бориме со понуди со обѕир на сите околлности. Да не беа санкциите ќе бевме во можност да се бориме, но сега рацете ни се „врзани“. Не сум среќен поради тоа, но тоа е негова одлука. Тој е еден од нашите клучни играчи и ќе остане таков се додека е тука. Разочарувачки е што ќе останеме без него, ќе ни недостасува. Тој носи храброст во соблекувалната, тој е играч од кои ривалите се плашат, некој кој може да одигра 50, 55 натпревари на високо ниво. Едноставно ќе мора да најдеме решение“, изјави германскиот стратег.

Се вчитува...