Тухел пред Манчестер Сити: Ова е натпревар од шест бода

Најинтересниот дуел од шестото коло во Премиерлигата ќе биде средбата на актуелниот првак на Европа, Челси и актуелниот првак на Англија, Манчестер Сити, меч кој ќе биде одигран во сабота со почеток од 13 часот и 30 минути.

Овие два тима одиграа неколку неверојатни натпревари претходната сезона, кои им припаднаа на „сините“ од „Стемфорд Бриџ“ како финалето во ЛШ, а со оглед на тоа што истите повторно се и директни конкуренти за титула, германскиот стратег на клупата на Челси, Томас Тухел вели дека ова е меч значаен шест бода.

„Ова е натпревар од шест бода бидејќи играат двата најголеми ривали за највисок пласман. Јасно е дека по овој натпревар ништо нема да биде решено, но кога на конкурентот му одземеш три бода тие се сметаат дупло. Работевме на тактиката и подготвени сме за предизвикот. Верувам дека со поддршката од публиката можеме до нова победа над Сити. Неодамна говореа како не сум способен да го надмудрам Пеп. Но, и да бидам искрен, сите три натпревари беа 50-50. Пресудија детали, а ние имавме малку повеќе среќа“, изјави Томас Тухел.

Се вчитува...