Тухел разочаран: Судиите на ова СП не се доволно добри

Англија се пласираше во четвртфиналето, Томас Тухел еуфорично прослави, но германскиот стратег на чело на „гордиот албион“ се пожали и на судискиот критериум.

Судијата Алиреза Фагани од Австралија имаше полни раце работа во вториот дел, најпрвин му покажа црвен картон на Кванса, а потоа досуди и два пенала (по еден на двете страни).

„Да бидам искрен, судиите на ова светско првенство едноставно не се доволно добри. Судиите на терен не се доволно добри, четвртите судии не се доволно добри. И тоа е факт. Како беше досуден пеналот против нас? Судијата не ни забележа дека имало прекршок, а тие во ВАР собата видоа нешто сосема друго. Дали ова беше јаснен и очигледен превид за ВАР да треба да интервенира“, праша Тухел.

„Исто така, малку ми е чудно на ваков натпревар тројцата судии во ВАР-собата да бидат од Јужна Америка“, додаде англискиот селектор.

Се вчитува...