Тухел решение за проблемите гледа во Вулверхемптон

Битката за титула во Премиерлигата од коло во коло е се подалку од Челси. Актуелниот шампион на Европа фантастично ја започна новата сезона и по 15 коло се наоѓаше на врвот на табелата, но големиот број на повреди и позитивни случаи на Ковид-19 направи хаос во редовите на „сините“.

Челси бележи огромен пад во играта, а со цел консолидирање на редовите Томас Тухел во зимскиот трансфер рок планира ангажирање на нови играчи. Еден од нив е фудбалерот на Вулверхемптон, Рубен Невес кој треба да го засили средниот ред како замена за Саул Нигез кој не се снајде во Лондон.

Дваесетичетири годишникот е под договор со Вулвс до 2024 година па Челси ќе мора да „го одврзе ќесето“. Според англиските медиуми за услугите на португалскиот репрезентативец лондонскиот тим ќе треба да издвои околку 45 милиони евра.

Се вчитува...