Тухел: Сакаме да освоиме баш се!

Челси славеше во дуелот од Лига Купот на Англија против Астон Вила по изведувањето на пенали со што „сините“ ја продолжија потрагата по нови трофеи во новата сезона.

По натпреварот тренерот на клубот од „Стемфорд Бриџ“, Томас Тухел беше задоволен од прикажаното на теренот, а вели дека нема да тактириза и целта на клубот оваа сезона ќе биде освојување на секој трофеј.

„Премиерлигата или Лигата на Шампионите не ги ставаме пред другите натпреварувања. Сакаме да создадеме победнички менталитет за секој натпревар. Тоа мора да биде нашата ДНК. Сакаме да освоиме се, да бидеме компетативни во секој поглед. Излегуваме на терен со цел да победиме. Сакаме да стигнеме до Вембли“, изјави германскиот стратег.

Се вчитува...