Тухел се премислува – Челси во офанзива по Роналдо

Кристијано Роналдо повторно е сериозна опција за Челси откако менаџерот Томас Тухел дал зелено светло за газдите на клубот да тргнат во офанзива за потпис на португалската суперѕвезда.

Роналдо не го крие незадоволството што остана во Манчестер Јунајтед и покрај инсистирањето за трансфер, а непрофесионалниот однос на Кристијано ги налути соиграчите, но и Тен Хаг, кој го освои својот најдобар фудбалер на клупата на стартот од премиерниот дуел со Брајтон. Холандскиот стручњак е разочаран од Роналдо, па ако досега настојуваше по секоја цена да го задржи, сега и тој крева раце и би дал зелено светло за заминување, доколку Јунајтед донесе нов напаѓач на негово место.

Челси тргна со победа во новата сезона, но очигледно е дека Тухел нема премногу опции во нападот откако Лукаку и Вернер го напуштија тимот. Стерлинг пристигна од Сити, туку е и Хаверц како „лажна деветка“, но за борба за трофеи неопходно ќе биде дополнително засилување на напаѓачката линија во тимот. Американскиот сопственик Тод Боели е подготвен за инвестиција, а откако Тухел го промени ставот околу Роналдо сега „сините“ се решени да тргнат во офанзива и да го осигураат потписот на Португалецот.

Позитивна работа за нив е што останатите европски клубови воопшто не се загреани за овој фудбалер, поради што Роналдо е подготвен да си замине во нов тим, дури и за помала плата од онаа што ја зема во Манчестер Јунајтед.

Се вчитува...