Тухел: Сите сме премногу загрижени…

Тренерот на ПСЖ, Томас Тухел изрази сериозна загриженост поради повредата на Килијан Мбапе во финалето од францускиот Куп против Сент Етјен.

Капитенот на Сент Етјен, Перин незгодно стартуваше врз Мбапе и заслужено доби црвен картон дури откако главниот судија го „консултираше“ и ВАР системот. Мбапе теренот го напушти во солзи, а по крајот на мечот се појави со патерици на доделувањето на медалите.

„Победивме, нова за нас беше многу скапа победа. Сите сме навистина премногу загрижени поради повредата на Килијан. Искрено, не верувам дека тој старт беше случаен. Очекуваме да видиме што ќе кажат лекарите по денешните прегледи, но искрено се надеваме дека не се работи за ништо посериозно“ – вели Тухел.

Се вчитува...