Англискиот селектор Томас Тухел беше принуден да направи две замени во составот за завршните средби од квалификациите за СП 2026, во кои „гордиот албион“ најпрвин ќе ја пречека Србија, а потоа ќе гостува во Тирана на селекцијата на Албанија.
Голманот на Њукасл, Ник Поуп, беше принуден да се повлече поради здравствени причини од националниот тим, додека крилниот офанзивец на истата екипа, Ентони Гордон, заработи незгодна повреда на колкот минатиот викенд, по што му претстои повеќенеделна пауза.
На местото на Поуп беше повикан резервниот голман на Манчестер сити, Џејмс Трафорд, додека е интересна одлуката наместо Гордон да не е повикан офанзивен играч, туку одбранбениот фудбалер на Челси, Тревор Шалоба.
Според англиските медиуми, тоа се должи на фактот дека повреден е и Марк Гехи од Кристал Палас, кој речиси сигурно нема да настапи со Србија, па Шалоба е повикан како резервна варијанта во дефанзивата, каде Тухел има помалку опции во однос на нападот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

