Тухел: Толку многу грешки се неприфатливи, ова го можеме само ние

Тренерот на Челси, Томас Тухел го коментираше поразот на неговиот тим од Арсенал на домашен терен од 2:4. Момците на Тухел одиграа еден хаотичен натпревар, со многу грешки кои на крајот беа казнети од страна на избраниците на Артета.

Тухел кажа дека поразот е благодарение на грешките на неговиот тим, и дека не биле научени лекциите од дуелите со Реал Мадрид во Лигата на шампионите.

„Во првиот дел два пати успеавме да се вратиме. Не можеме да правиме вакви грешки два натпревари по ред, а ете ние ги направивме. Толку многу грешки на вакво ниво е неприфатливо. Ова нема да го видите на друго место, освен тука. Ако играме вака, не можеме да победуваме. Погледнете го пеналот против нас во финишот. Тој гол е последица на тоа како ја изгубивме топката. Ја загубивме три пати во 10 секунди. Потоа фаулираме во ситуација кога немаше закана по нашиот гол. Тука нема што да се анализира“, рече тренерот на Челси.

Се вчитува...