Тухел: Веќе не знам во какво издание можам да го видам Челси, необично е да примаме толку голови

Менаџерот на Челси, Томас Тухел, призна дека не знае повеќе кое лице ќе го види од „сините“ на теренот на наредните натпревари.

Лондончани загубија три од последните четири домашни средби, сепак имаат серија од девет успеси по ред како гостински тим. Во недела „сините“ играат против Вест Хем во второто лонгонско дерби по ред откако во средата изгубија од Арсенал со 2-4.

Тухел потврди дека Ковачиќ и Ридигер поради повреди нема да можат да помогнат.

„Не се чувствуваме сигурно за место во топ 4. Никогаш не можеш да се чувствуваш сигурен во Премиер-лигата. Тоа е убаво. Ако си сигурен, тоа значи дека не си целосно сконцентриран. По паузата за репрезентациите примивме 12 гола, кое е двојно повеќе од очекуваното. Во повеќе случаи во фудбалот причината е немањето среќа, различните околности и противникот. Дополнително, тоа е сплет на индивидуални грешки, однесување на тимот и пристап во одредени моменти. Јасно е дека заостануваме зад Манчестер Сити и Ливерпул. Но, необично ми е да дозволам толку многу загуби на домашен терен. Да имаше начин ќе ги сменев сите играчи, но не е така едноставно. “, изјави германскиот менаџер.

Челси е трет на табелата со 62 бода од 31 меч.

Се вчитува...