Tухел во елемент: Челси е една фамилија, јас сум овде „татко и мајка“ и немам намера да ги оставам своите „деца“!

Поради ситуацијата во која се најде Челси и проблемите кои дојдоа затоа што Роман Абрамович е газда на клубот се шпекулираше дека Томас Тухел би можел да си замине.

Сепак, германскиот стратег ги демантираше ваквите информации и порача дека нема намера да си замине пред крајот на сезоната.

„Сигурно останувам до крајот на сезоната. Очигледно е дека клубот се најде во тешка и незгодна ситуација, но ние сме овде едно семејство, а јас сум таткото и мајката, не планирам да ги напуштам своите деца. Челси е дел од Премиер-лигата, едно од најдобрите натпреварувања во светот. Верувам дека ако ја завршиме добро сезоната тоа ќе биде од голема помош“, изјави Тухел.

Ќе потсетиме, Челси се соочи со санкции како забрана за продавање на билети, откажување на спонзори, затварање на фан-шопови само затоа што Роман Абрамович е близок со Владимир Путин. Последните информации од Островот се дека Владата дозволила продажба на Челси, а кога би се комплетирала продажбата и санкциите кон Челси би биле отстранети.

Се вчитува...