Тухел во конфликт со Белингем: Треба да игра и да слуша, не да мафта со рацете…

Џуд Белингем конечно доби шанса како стартер во англиската репрезентација, по мечот беше избран и за МВП на гостувањето против Албанија, но асот на Реал Мадрид сепак најде начин да го извади од кожа селекторот Томас Тухел.

Двајцата се во кофликт веќе подолг период, Белингем воопшто не беше повикан за октомвриските квалификации, а на првиот ноемвриски дуел со Србија му беше резерва на Роџерс од Астон Вила. „Ѕвездата“ на Реал одигра квалитетно против Албанија, но Тухел јасно му стави до знаење дека очекува подобар од него и подредување на колективот.

Белингем беше незадоволен што е повлечен од игра во 86. минута, но селекторот стои цврсто зад својата одлука.

„Не сакам повторно да правам голема работа, но стојам зад она што го реков уште пред неколку дена – односот е најважен, исто како и почитта кон соиграчите кои влегуваат. Видов дека не е среќен, но јас сум тука за да носам одлуките, а играчите за да ги почитуваат. Постои стандард на однесување што го барам од сите играчи. Тие треба да играат и да слушаат, а не да мафтаат со рацете“, дециден е Тухел на својата тренерска филозофија.

Се вчитува...