Тухел: Во наредната сезона пет клубови ќе се борат за титулата во Премиерлигата

Заврши уште една сезона во Премиерлигата и тоа со триумф на Манчестер Сити кој за нијанса, еден бод беше подобар од Ливерпул (94/93).

Ниту една друга екипа не беше конкурентна или барем блиску во борбата за пехарот, но според менаџерот на Челси, Томас Тухел тоа ќе се промени и во наредната кампања ќе видиме пет клуба како водат битка за врвот.

Германецот верува дека „сините“ ќе имаат што да кажат, а во најтесниот круг ги става Тотенхем и Манчестер Јунајтед кој ќе биде предводен од Ерик Тен Хаг.

„Ќе биде супер тешка трка … Манчестер Јунајтед ќе биде во трка, Тотенхем сигурно ќе биде во трка со Антонио Конте, а и ние сакаме да останеме во трката. Ливерпул и Сити ќе направат се за да ги направат своите тимови уште поголеми. Додека како и сите други се обидуваат да ја намалат разликата како нас … тие се најдобри во континуитет, пример за постојаност. Таква е ситуацијата и оттаму даваме се од себе за да бидеме конкурентни бидејќи тоа е она што сакаме да бидеме“, порача Тухел.

Останува да видиме дали стратегот на Челси ќе биде во право затоа што Сити и Ливерпул во оваа и претходните сезони едноставно покажаа дека се лига сами за себе, односно една класа пред сите останати.

Се вчитува...