Тухел збеснал и покрај победата над Хрватска: „Ја молам ФИФА да не ми го расипува уживањето!“ (ВИДЕО)

Селекторот на Англија, Томас Тухел го крена гласот поради фотографите на Светското првенство.

Германецот ги изрази своите впечатоци по победата на неговиот тим против Хрватска, а потоа се осврна на работите што не му се допаѓаат на Светското првенство.

„Морам да ви кажам нешто – ја молам ФИФА да ја промени позицијата на фотографот за време на пеењето на националните химни, бидејќи не можев да го видам мојот тим додека се свиреше химната“, ја започна својата презентација Тухел.

Тој објасни и зошто има проблем со фотографите, кои секако ги има огромен број.

„Го чекав тој момент. Беше многу, многу посебен момент, а стоев пред ѕид од 50 фотографи, на само половина метар оддалеченост, и не можев да видам ниту еден играч. Тоа ми го расипа искуството до одреден степен“.

Тој се осврна и на фактот дека дебитираше на најголемата сцена.

„Многу е емотивно. Кога бев млад и ја започнував мојата тренерска кариера, беше незамисливо дури и да сонувам за ваква можност“.

Се вчитува...