Турскиот стратег Булент Акин официјално е именуван за нов шеф на стручниот штаб на Шкупи.
По оставката на Умит Каран, чаирчани се одлучија за назначување на 41-годишниот стратег, по потекло од Турција, а роден во Брисел, Белгија, кој во својата играчка кариера имаше професионален ангажман за неколку турски клубови, меѓу кои и за Галатасарај.
Акин потпиша едногодишен догово со Шкупи, а дебито на клупата се очекува на 14. септември на првенствениот натпревар против Силекс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА