Турскиот фудбалски тим Тургутлуспор се најде во фокусот на спортската јавност откако денеска објави дека за нов тренер на екипата ја именувал 22-годишната Зејнеп Местан.
Местан со 22 години стана првата жена тренер во историјата на Тургутлуспор, објави Фанатик.
„Во согласност со реструктуирањето и целите за новата сезона, нашиот клуб постигна договор со Зејнеп за позицијата главен тренер. И посакуваме многу успеси на Зејнеп Местан. Се надеваме дека со оваа нова ера ќе имаат придовки заедницата, клубот и нашите навивачи“, стои во соопштението на тимот.
Зејнеп Местан е родена во 2004 година во Измир, а фудбалската кариера ја започна во 2019 година и настапуваше за неколку локални екипи, по што започна тренерска кариера.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
