Турски гиганти заинтересирани за Лук Де Јонг

Напаѓачот на Барселона, Лук де Јонг би можел кариерата да ја продолжи во Турција. За него во моментов се заинтересирани фудбалските гиганти на Бешикташ и Фенербахче, тимови кои гледаат засилување во Холанѓанецот.

Според „Мундо Депортиво“, самиот фудбалер се уште не одлучил дали ќе прифати ваков предизвик. Како што е познато, Де Јонг е играч на Севиља, но пред почетокот на сезоната се замина на позајмица во Барселона. Не успеа да се наметне во тимот, а по тренерската смена на „Камп Ноу“ стана јасно дека Чави Ернандез нема намера да смета на него.

Де Јонг има можност и да ја заврши сезоната со трансфер во Кадиз. 31-годишниот Холанѓанец доби рок до денеска да му одговори на клубот од Андалузија, но тоа сигурно ќе биде негативно. Од почетокот на сезоната, напаѓачот учествуваше на 12 натпревари во Ла Лига, на кои постигна гол само еднаш.

Се вчитува...