Турски тренер со скандалозна изјава: И Алекс Фергусон им маваше шлаканици на фудбалерите (ВИДЕО)

Турскиот фудбалски тренер Халит Курт, кој пред три години беше суспендиран од Фудбалската федерација на Турција поради скандалозните методи на воспитување во аматерскиот тим на Кајзери, на уште поскандалозен начин сака да се врати во фудбалот. Тој им делел шлаканици на фудбалерите на полувремето од мечот што го загубиле со 3-1, а затоа доби и тригодишна суспензија. Сега се обидува да се врати во фудбалот, а негов адут е 25-годишната работа како тренер, но и ставот дека „дури и Алекс Фергусон им мавал шлаканици на фудбалерите како Дејвид Бекам“.

„Тие деца беа со мене од 12-13 години и вие сте им како татко. А некогаш татковците им удираат и шлаканици на децата. Јас сум пријател со семејствата на сите деца, давам максимум за нивно воспитание. Тоа беше еден непријатен момент, јас 25 години работам како фудбалски тренер, ја одлежав суспензијата и сега би сакал да му се вратам на фудбалот. И еден Алекс Фергусон им мавал шлаканици на фудбалерите како Дејвид Бекам“, изјави Халит Курт.

Неговото барање за повторно враќање во фудбалот е процесуирано до органите во Фудбалската федерација на Турција.

Се вчитува...