Селекторот на Турција, Ергин Атаман го објави списокот на играчи на кои смета за Европското првенство кое започнува на 27. август.
Немаше поголеми изненадувања, а за освојување на едно од четирите места кои водат во осминафиналето ќе се борат:
Адем Бона, Алперин Шенгун, Берк Угурлу, Чеди Осман, Еркан Османи, Еркан Јилмаз, Фуркан Коркмаз, Онуралп Битим, Омер Јуртсевен, Дејвид Мутаф, Сертак Шанли, Шејн Ларкин, Шемус Хазер, Јигит Арслан, Џигиткан Сајбир.
За потсетување, Турција е во групата А заедно со селекциите на Србија, Чешка, Португалија, Летонија и Естонија. Турција првиот натпревар на Европското првенство го игра против Летонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА