Турците беа пресилни, но шансите за ЕП се уште се реални (фотогалерија)

Македонија не успеа да стигна да забележи победа на вечерашниот дуел со Турција, триумф со кој нашите „спартанци“ широко ќе си ги отвореа вратите за пласман на ЕП 2021. Квалитетот и искуството беа на страната на противникот, нашите одбојкари имаа и голем број на технички грешки со кои само им ја олеснија задачата на Турците во битката за триумф.

Без оглед на поразот, шансите за ЕП се уште се реални, со оглед на фактот дека пласман на европскиот шампионат обезбедуваат и петте најдобри второпласирани селекции од седумте групи. Сепак, останува уште подобро да се одигра наредниот турнир во Скопје, па со максимална победа над БиХ и што подобро издание против Турција да се стигн до посакуваниот билет за ЕП 2021.

Се вчитува...