Турците бесни – Монтела ќе добие отказ

Винченцо Монтела ќе добие отказ од функцијата селектор на Турција откако оваа репрезентација претрпе порази на стартните две средби со Австралија и Парагвај, со што ги загуби сите шанси за пласман во следната мундијалска рунда.

Турција има нова генерација врвни играчи предводени од Јилдиз и Ѓулер, беше најавувано дека токму Турците би можеле да бидат најпријатно изненадување на првенството, но се случи токму спротивното – оваа репрезентација се претвори во големо мундијалско разочарување.

Фактот дека доминираа на двата меча и дека имаа бројни шутеви кон противничкиот гол нема да го спаси Монтела бидејќи Турците потфрлија во она најважното – постигнување голови.

Италијанецот е на чело на турскиот национален тим од 2023 година и има скор од 20 победи, 5 реми и 10 порази, но последните два се чини ќе му пресудат

Турците не планираат да повлечат потег како Тунис и да го отпуштат селекторот за време на светското првенство, но се очекува тоа да се случи веднаш по враќањето на експедицијата назад во татковината.

Се вчитува...